Фризерот Фади Фаваз (47), кој во јавноста е познат по својата љубовна врска со починатиот пејач Џорџ Мајкл, беше уапсен во англиската престолнина, откако со чекан удирал по автомобили.
Тој бил пријавен од жител на Лондон, кој го снимал како шета по улиците со чекан во раката, пишува „Сан“.
Човекот го обвинил Фади дека со чекан удирал по автомобилите, при што фризерот тврдел дека тоа е, всушност, неговиот автомобил. Фади во петокот вечерта го снимиле камерите во Источен Лондон, како шета по улиците облечен во црни пантолони и црвена маица.
Тој со чекан удирал по бројни автомобили на кои наишол, а меѓу нив имало и некои не баш евтини.
Фади, по овој дивјачки чин, бил уапсен од полицијата и однесен во полициската станица. Тој, инаку, бил забележан во областа во која беше уапсен неколку дена претходно, како бара хотелско сместување.
Ова не е првпат фризерот да има проблеми со полицијата. Тој беше уапсен лани откако насилно влегол во куќата на неговиот починат партнер Џорџ Мајкал и направил сериозна штета, кршејќи ги предметите по вилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.