Возачот на „маздата“ која ја предизвика сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ и неговито колега Мирсад Кериќ, се наоѓа во притвор. Едно од обвинувањата за кои се товари е тешко убиство во сообраќај.
Според сознанијата на српските медиуми, судијата вчера попладене издал налог за апсење на овој 34 годишен маж, па тој сега се наоѓа во притвор.
Интересно е дека и „маздата“ која ја управувал 34 годишникот, не е во негова сопственост, ниту пак тој има пријавено место за престој во Германија, пренел Вестфален Блат. Се прават напори да се утврди на кој начин тој дошол во посед на автомобилот со кој се заби во задниот дел на „сеатот“ во кој бил Шабан Шаулиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.