Турскиот актер, 46-годишниот Озчан Дениз, кој е познат по сериите „Судбина”, „Истанбулска невеста” и „Црна роза”, пред нешто повеќе од 11 месеци се оженил со манекенката Фејза Актан, а пред првата годишнина, парот се разделил. Имено, Фејза почнала неконтролирано да троши пари, па сопругот и ги затворил сметките, и ги одземал картичките и и дал само една која може директно да ја контролира, пренесуваат пријатели на актерот.

Неговиот потег многу ја налутил Актан, па почнале сериозно да се расправаат. Иако актерот тврдел дека не е вистина и дека бракот и натаму им е складен, пред околу 3 месеци се преселил во хотел.

Озчан не сака нова врска туку само старателство над нивниот 11-месечен син Кузеј, па поради тоа ангажирал адвокатски тим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.