Три песни од познатиот српски пејач по кого тагува цел Балкан, Ѓорѓе Балашевиќ, ќе се најдат на страниците во учебниците по српски јазик во основните училишта во Србија.
Осмоодделенците ќе ја учат „Дрвена песна“, а пониските одделенија ќе ја обработуваат „Девојку са чардаш ногама“ и „Д-мол“.
– Тој е важен затоа што е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Така, ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична песна, потоа – „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон, објасни професорката Ивана Лучиќ од основно училиште во Нови Сад.
Според неа, тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.
„Не е баш лесно да се разберат и не се едноставни, па на наставниците им останува одлична задача со учениците да ги анализираат песните, да пронаоѓаат стилски фигури, сокриена смисла и преносното значење, вели професорката за српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.