Српската пејачка Катарина Остоиќ Каја се разведува од нејзиниот сопруг, диџејот Џуниор Џек, објавија денес српските медиуми.
Ова е трет брак за 36-годишната пејачка, која првпат се мажи на 19 години.
Имав вистинска традиционална српска свадба, со три музики во хотел „Југославија“, но тогаш бев трудна и не уживав баш во веселбата, откри своевремено таа за „Блиц“, зборувајќи за бракот со Никола Драгољевиќ.
Со Драгољевиќ, кој беше апсен за дрога и напад врз службено лице, Каја ја доби ќерката Николина, денес 16-годишна тинејџерка.
Во 2009 година пејачката се омажи за кошаркатот Урош Дувњак, кој во тоа време играше за еден полски клуб. Кога се врати во Србија, тие се разделија и се разведоа со договор и без тешки зборови на крајот на 2010 година.
За време на снимањето на шоуто „Операција триумф“ во 2011 година, Каја се запозна со Италијанецот Вито Лученте, познат како диџеј Џуниор Џек, со кого се венчаа во Брисел во 2014 година.
Како што шпекулираат соседните медиуми, пејачката веќе има ново момче и тоа седум години помладиот фудбалер Матео Павловиќ од Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.