Српскиот пејач на народна музика, Предраг Живковиќ Тозовац за два до три дена ќе ја напушти болницата, откако беше хоспитализиран поради компликации поврзани со корона вирусот.

Како што пишува „Телеграф“, Тозовац избегнал тешки последници бидејќи непосредно пред да биде хоспитализиран ја примил кинеската вакцина.

Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и беше приклучен на кислородна поддршка заради претпазливост. Непосредно пред да се зарази ја прими и втората доза од кинеската вакцина, поради што немаше тешки симптоми – наведува извор за „Телеграф“ 

Благодарение на вакцината тој на 85-годишна возраст успеа да преброди вирусот, што не е чест случај за многумина. Здравствените работници и лекарите се презадоволни од неговата состојба – вели изворот.

Тозовац беше примен во болницата „Драгиша Мишовиќ“ на почетокот на месецот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.