Кандидатот на Јелена Карлеуша, Драгана Сремац, доживеа тотално фијаско во музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд. Дека се потрудила максимално, виделе сите членови на жирито, но изостана клучниот момент кој би ја пласирал во следниот круг. Јелена се фаќаше за глава гледајќи го нејзиниот настап, кој се чини и неа ја деградираше, со оглед на тоа дека на кадидатите кои неа ја избираат за ментор, таа им ветува место меѓу ѕвездите.
Драгана очајно пееше, а уште поочајно изгледаше облечена во хеланки со ликот на Јелена Карлеуша.
Се што направи е погрешно. Правеше катастрофални грешки, значи така си вежбала, а кој ти рекол така да пееш, не знам. Облеката на тебе изгледа ужасно. Тоа можат да го носат високи девојки со рамен задник. Девојката знае да пее, но сте ја уништиле. Јелена зошто го направивте ова – праша Марија Шерифовиќ, по што следуваше страшното признание на Јелена.
Јас морам да кажам дека конкретно со Драгана, поради мои приванти проблеми, се занимаваше Ивана Негатив, која е во мојот тим. Мислам дека беше грешка, па ти се извинувам што не можев да ти се посветам на вистински начин, но ништо не е изгубено – призна Карлеуша видно потресена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.