Во паркот на познатите во Нова Градишка во Хрватска, од денеска е поставено спомен-обележје на трагично загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески. Споменикот е од градот во чија близина пред 14 години загина Тоше.

На откривањето на споменикот  присуствуваше и градоначалникот на родното место на Проески, Томе Христовски и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милјаи Фетаи.

Чинот на откривање на споменикот на Тоше го проследија и многу негови фанови, како и дел од маратонците кои секоја година традиционално на денот на несреќата пеш од Градишка доаѓаат во Крушево на гробот на големата звезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.