Наследникот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, малиот Жељко денеска на 3 јуни го прославува својот прв роденден, а семејството ќе се обиде да му приреди незаборавна прослава за која наводно Цеца ќе искешира 15 илјади евра.

Семејството наводно ќе го прослави роденденот во кругот на пријателите и семејството, а Цеца дури и заедно со Вељко и Богдана избрале и ресторан за прослава, а се советувале и околу декорацијата и на која тема ќе биде. Истата ќе биде со полно балони и останати ситници со мотивите од цртаните ликови доминирајќи сина и бела боја.

Меѓутоа семејството морало да го смалат списокот на бројот на гости поради корона протоколите, па прославата ќе се случи само со најблиските роднини и пријатели.

Српските медиуми пренесуваат и дека Цеца за закупот за просторот и кетерингот ќе даде 10 илјади евра, додека за декорацијата за деца ќе даде околу три илјади евра.

Бидејќи се работи за роденденска прослава, Цеца ќе набави и шампањи во вредност од 1.000 евра, додека тортата која ќе биде гламурозна и со неколку вкуса заедно со другите слатки колачиња исто така ќе чини околу 1.000 евра.

Или како што пренесуваат медиумите вкупно балканската дива денес ќе искешира 15 илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.