Актерот Том Хенкс (63) се појави во една емисија и откри дека се излечил од корона вирусот, како поминало лекувањето, но и дека после лекувањето животот веќе не му е ист.
Не грижете се. Избричената коса е поради улога, бавно расте. Многу добро е да се биде овде, ама исто така и чудно, да се води „Сатрдеј најт лајф“ од дома – рекол на почетокот.
Оваа емисија е хумористична, ама она што актерот го соопштил, никому не му било смешно.
Никој не сака да биде со мене многу долго и на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене – рекол Хенкс.
Ова одело е прво што го облеков, а да не е тренерка од 11 март. Сопругата ми помогна да го облечам, бидејќи заборавив како функионираат копчињата – се пошегувал Том.
Закрепнувањето на актерот и неговата жена траело еден месец, а парот после лекувањето и задолжителната изолација, во Америка стигнал на 28 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.