Дека сестринската љубов е навистина голема доказ се двете позната дадички Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска.

Освен што си се поддршка кога е кариерата во прашање, тие се тука за да си помогнат и со чување на децата, а во една прилика открија и оти имаат трема кога едната е на сцената, а другата во публика.

Верувај ми дека повеќе трема имам кога пее Тамара отколку јас кога пеам, а сега однеодамна сум и глумица, па кога играм на штиците што живот значат, немам толку трема. Ептен стравувам како ќе ја изнесе песната, особено кога има тешка песна, вели Тијана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.