Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ повторно се заедно, дознава српски Курир.

Пејачот и мајката на неговата најмлада ќерка Викторија се смириле пред неколку месеци, но тоа го кријат како змија нозе. Двајцата избегнуваат да се појавуваат на градските настани каде што има медиуми, но со пријателите заедно го прославиле Божиќ во ресторан.

Соња и Аца се како рогови во вреќа, но не можат еден без друг. Таа него го сака, а тој неа ја обожува. Тоа што се разведоа, нема врска со нивните чувства. Едноставно, тие двајца секогаш ќе бидат заедно. Меѓутоа сега решиле љубовта да ја кријат од новинарите, бидејќи така се помирни. Се уште не живеат заедно, но успеаја да го средат нивниот однос, па тајно се гледаат. Божиќ го прославија заедно во еден ресторан. Аца пееше, а Соња уживаше додека го слушаше. Се виде дека се заедно и дека се сакаат- раскажал извор близок до фолкерот.

Според неговите зборови, популарниот пејач бил на отварањето на новиот бутик на Соња

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.