Сајтот кој предвиде смрт на 17 познати личности во 2017 година, на почетокот на оваа година ја објави својата морбитна листа и за 2018 година.
Сајтот наречен „Death list“ постои од 1987 година и претпоставува кои познати личности, светски лидери и членови на кралските семејства можат да починат во текот на наредната година.
Правилото е дека номинираните мора да бидат доволно познати и дека мора веста за нивната смрт да биде во британските медиуми. Секоја година само 25 кандидати може да се повторат од минатата година.
Во 2017 меѓу останатите, ја предвидоа смртта основачот на Плејбој Хју Хефнер, актерката Лиз Доун, пејачката Фатс Домина и боксерот Џејк Ламоте.
Во јануари 2018 година, тие објавија листа на 50 познати личности кои нивната стручна комисија ги избра со очекување дека ќе починат во 2018 година.
Годинава, починаа 12 од 50 лица на оваа смртна листа, меѓу кои Стен Ли, Џорџ Буш Сениор, Брабара Буш, Стивен Хокинг.
Меѓу оние за чија прогноза погрешија се Кирк Даглас, Пјер Карден, Џими Картер, Шон Конери и Оливија Њутн Џон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.