Сестрата на Богдана Родиќ, Бојана Родиќ покажа како изгледа собата на нејзиниот внук кој воедно е и прво внуче во фамилијата Ражнатовиќ.
Гордата тетка на Инстаграм сподели фотографии од собата на малиот Жељко, а фановите веднаш ја споредија со рајот на небото.
На фотографиите се гледаат облачиња на ѕидовите, мечиња и специјален кревет за пресоблекување.
Секако на ѕидот неизбежен детаљ е и напишаното негово име Жељко.
За потсетување Цеца за прв пат стана баба на 3 јуни месецов кога нејзината снаа на свет го донесе Жељко Ражнатовиќ.
По прославата со стотиците гости, Цеца и Вељко се заразија со новата болест, па сега се во изолација во домот на Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.