Повеќе од 100 луѓе кои присуствуваа на прославата на новиот албум „Red“ на пејачката Тејлор Свифт во Сиднеј се позитивни на коронавирус, пишува New York Post.
Настанот собра 600 луѓе во театарот „Метро“ во Сиднеј, а дури и оние учесници кои сè уште не се позитивни на коронавирус беа замолени да се изолираат.
Самата пејачка не присуствуваше на забавата, но тоа беше собир на обожаватели како дел од објавувањето на нејзиниот нов албум.
„Веројатно е дека некои од овие случаи се заразени со варијантата „омикрон“, предупреди NSW Health, додавајќи дека казните за непочитување на условите за изолација, тестирање и карантин се зголемени од 1.000 долари на 5.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.