Порано редовно настапуваше на македонските фестивали за потоа да се повлече од музичката сцена и да се проба како ТВ водителка и новинарка во едно домашно списание.
Маја Вукичевиќ сега е посветена на семејството, а нејзиниот син Гораст неодамна дипломираше на Економскиот факултет во Скопје. Со емотивен статус во кој раскажа лична приказна, Маја му го честиташе дипломирањето на синот.
Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки. Летна времето. Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое, и запомни, парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца, е дел од пораката на Маја до својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.