Пејачката Јелена Карлеуша објави преписка на која се гледа дека го моли босанскиот фудбалер Огнене Врањеш да демантира дека било кога рекол нешто во врска со неа.

Јас те молам, демантирај дека ова било кога си го кажал. Јас никогаш не сум наштетила на тебе и твоето семејство. На моите деца им го уништуваш животот. Те молам демантирај – стои во порака на Јелена која е упатена на Врањеш.

Не сум ни јас на тебе – одговорил босанскиот фудбалер.

-Никогаш не ти се заканувал. Поради моите деца демантирај дека некогаш ова си го изговорил-  напишала Јелена во смс преписката.

На ова Огнен не и останал должен.

Заборави дека постојам. Сите сте исти го*на. Сега кога сте во проблем, ајде Огнене сега ти вади не. Слободно тужи ги, јас ќе дојдам на суд и се ќе посведочам – одговорил Огнен.

Претходно Врањеш ја рсакажа својата верзија на настаните кои му претходеа на оваа естрадно фудбалска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.