После неколку месеци молчење на таа тема, Тања Савиќ конечно реши да ги открие сите детали врзaни за нејзиниот однос со сопругот Душан и нивните синови Ѓорѓе и Максим, кој татко им, без нејзина соглансост ги одвел во Австралија.
Секако дека се плашам дека тој во мое отсутво ќе ги придобие децата на своја страна, бидејќи на момчињата им е важна татковската фигура. Татко им им е пример, а не можете да очекувата од некој кој има 10 години реално да ја процени ситуацијата – вели Тања за Хелоу.
Додуша кога малку пораснаа и тие му зборуваа, немој тато да пиеш. Ветуваше дека нема повеќе, но зборот го одржуваше до првата прилика. Ситуацијата ја отежнуваше тоа што Душан кога ќе се налути, многу е незгоден. Мислам дека сите жени кои барем некое време поминале со некој кој е склон кон алкохол, знаат за што зборувам.
И јас се прашувам зошто го трпев, ама се тргнува од фактот дека го сакав. Толку бев заљубена, што го гледав само него. Верував дека е вистина се што зборува. Заради него се скарав и со родителите. Низ животот одев со срце, не сфаќајќи дека имама работа со сериозен манипулатор – заклучува Савиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.