Поранешниот сопруг на Верица Шерифовиќ и татко на пејачката Марија Шерифовиќ, Рајко е огорчен на ќерката и некогашната сопруга. Тој тврди дека Верица со лажен сведок го пикнала во затвор, а најтешко му паѓа што Марија ја поддржува мајка си, додека воопшто не помислува не него.
Марија за се што направи нејзината мајка не рече ништо. Таа е со Верица, не се јавува на телефон, на пораки, на повици… За неа не сакам да зборувам, а ако ме закачи, тоа ќе биде фељтон. И за неа има многу страшни работи, од губењето на нејзината невиност, па понатаму. Цел Крагуевац знае, не постоеше најскапа работа која јас не и ја купив, немаше патики или телефони што ги немаше. Кога требаше да се прави првата плоча, кај најскапиот македонски композитор отидовме да и го направи целото ЦД, никогаш не сум бил лош кон неа, а таа не ме сака. За сите овие години колку пее и работи, не знам дали 6 пати ми испратила по 100 евра, вели Рајко открива дека не му пречи нејзината сексуална определба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.