Познатиот холивудски актер Џон Војт (81), таткото на Анџелина Џоли, никогаш не ја криеше поддршката за Доналд Трамп, а борбата против победата на Џо Бајден на претседателските избори ја нарече „најголемата борба од граѓанската војна“.

Ова е борба на праведните против сатаната. Да, сатана – рекол тој.

Актерот е долгогодишен пријател на Трамп, додека неговата ќерка Анџелина Џоли, која е специјална претставничка на ООН за бегалците, не е приврзаник на сегашниот претседател.

Војт ѝ се обрати на американската јавност, зборувајќи за „лагите коишто Бајден ги сервира“, и попатно го поддржа Трамп дека изборите во САД биле украдени. Славниот актер го крена гласот против „злобните, корумпирани левичари кои сакаат да внесат раздор во нацијата“.

Тој се појави на инаугурацијата на Трамп и на конгресот на Републиканската партија, а исто така учествуваше и во кампањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.