Пејачот Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, избегнува да зборува за неговиот приватен живот во јавност, а сега ја отвори душата и откри непознати детали за своето минато.

Имено, Хари истакна дека најинтересниот настан во неговиот живот е поврзан со неговото детство и неговото раѓање, бидејќи неговиот татко го украл од болницата, пренесува Блиц.рс

Таа година била исклучително силна зима во Сараево. Новородените деца масовно умирале затоа што немало греење во болницата. Татко ми и донел на мајка ми портокали, и тој буквално ме ставил во торба и ме одвел во страв дека ќе умрам од студот. Јас пристигнав така на таков интересен начин, во топол дом – рече Хари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.