Продолжува сагата околу српската пејачка Тања Савиќ, која со месеци живее во агонија откако сопругот Душан Јованчевиќ без нејзино знаење и согласност ги однесе нејзините две деца во Австралија.

Проблемот на Тања сите го сфатија многу сериозно и решија да ѝ помогнат. Па така Срби кои живеа во Голд Коуст, но и други градови во оваа држава, на пејачката и понудија помош, сместување па дури и нудат и работа.

Откако извесна госпоѓа Љ.Ј. се обрати до една редакција на белградски медиум дека е подготвена да ѝ помогне на Тања во борбата за старателство над децата, и бројни други Срби од Австралија се разбудија. Таа разговараше со своите сонародници кои исто така живеат во Австралија со кои се здружила за да ѝ помогне на пејачката. Освен што на Савиќ ѝ нудат бесплатно сместување, подготвени се да ѝ помогнат и финансиски, да ангажираат адвокат, па дури и со неа да одат во полиција за да пријави грабнување на децата.

Сакаме да ѝ помогнеме на Тања, но важна е соработката со неа. Ме интересира зошто не дојде овде. Да не нема пари да купи карти или проблем и е работата, непознавањето на јазикот, законот или страв? Јас го знам законот и можам да и помогнам, иако не е државјанин на Австралија, се води како граѓанин на оваа земја и има свои права како државјанин. Ако се проблем парите, нека знае дека нашиот народ овде е подготвен да помогне. Живеат во Голд Коуст и подготвена сум целиот случај да го пријавам во полиција, но не може само така да се отиде таму и да се прашува за некого поради приватноста, напиша госпоѓата и рече дека на Тања и нашле и работа.

Треба да дојде во Австралија и да се јави кај социјален работник. Веќе прашав сопственик на еден ресторан, исто е наш човек од Србија, и тој е подготвен да и помогне. Може овде да пее, да заработува и да има пари. Нашиот народ е многу силен, многу овде дошле со куфер и со дете, па се снашле. Доколку се плаши за својата безбедност, може да аплицира за заштита од полиција. Мене не ми е тешко да ја ангажирам, да и помогнам. Ако не сака да зборува за медиумите, може да ми се јави, да се довери на некого. Ние имаме и адвокат кој помага во такви случаи, така што можеме се да и обезбедиме, пишува во мејлот.

Тања е трогната од овој гест и вети дека ќе стапи во контакт со госпоѓата која и нуди помош.

Воодушевена сум од тоа какви луѓе има, посебно меѓу нашите луѓе. Така да сакаат да помогнат, да се обединат за една мајка. Ме расплакаа. Ќе контактирам со оваа прекрасна жена првенствено да и се заблагодарам за се. Секоја помош е добредојдена, така што ќе разговарам со неа, за почеток да го слушнам нејзиното мислење. Со помош на такви луѓе има надеж дека можам да си ги вратам децата, рече Тања.

Тања неодамна најави дека ќе се бори за своите деца и планира да побара развод од сопругот кој без нејзино знаење ги одведе во Австралија:

Морам да се борам за своите деца. Да мии беше добро со него, немаше да се вратам дома. Му давав шанси, но повеќе не можам. Тој ги одведе децата без мое знаење. Беа кај мене за викенд, па му ги предадов на Душан, кој ми кажа дека ќе ги врати за Велигден. Јас фарбав јајца, се подготвив и му се јавив во средата, а тој тогаш беше недостапен. Два дена се обидував да го добијам, Тогаш го пријавив во полиција, објасни таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.