Легендата на народната музика, Шабан Шаулиќ во неделата, рано наутро загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а во автомобилот со него бил и неговиот колега Мирсад Кериќ, кој исто така почина во болница, како и кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Во дневните српски весници осамнаа бројни некролози во кои луѓето се простуваат од кралот на народната музика. Најтажни се оние од неговото семејство, кои користат делови од неговите песни да се простат од својот маж и татко.

Некрологот на неговата сопруга Гоца потресе могумина.

За мене ти си на еден далечен пат, каде и јас, како многупати досега, еден ден ќе ти се придружам, таму негде заедно да остариме…од бескрајна гордост до неизмерна болка во срцето и душата, твоја Гоца.

Шабан како да го почувствувал крајот, бидејќи три месеци пред смртта решил да состави тестамент. Во него целиот свој имот, вреден неколку милиони евра, го оставил на сопругата, децата и внуците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.