Тамара Тодевска во утрешното евровизиско финале ќе настапи под редниот број осум. Ова ќе биде прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување по цели шест години и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.
– Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – изјавила Тамара од Тел Авив за Женски магазин.
Нашата претставничка синоќа ја имаше честа да ја отвори победничката прес-конференција по одржаната втора полуфинална вечер.
– Најдобриот момент е што пораката ја пренесовме на добар начин. Така што мојата работа ја завршив многу добро – изјави, меѓу другото, Тодевска пред присутните новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.