Тамара Тодевска се расплака во емисијата „Б со точка“ кај легендарниот радио и ТВ водител и диџеј Драган Б.Костиќ.

Поп-пејачката ја совладаа емоции кога Костиќ ѝ покажа слика од нејзиниот добар другар, починатиот пејач и актер Влатко Илиевски.

Тој беше добар човек, добро дете, една таква светла точка во мојот живот. Уште не можам да поверувам дека го нема, рече Тамара низ солзи.

Таа зборува за нивото пријателство.

Бевме врсници, тој беше постар од мене еден месец, јас сум родена во јуни, тој во јули. Учевме заедно во средно училиште. Како вчера да беше паметам, кога се сретнавме во парк. Од таа средба, како што растевме веќе не се разделивме. Едно време патиштата ни се разидоа, па не се гледавме секој ден, но немаше ден а да не се слушнеме, изјави Тамара за Влатко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.