Шабан Шаулиќ во 1981 година проговорил јавно за неговата популарност. Уште тогаш, било јасно дека ќе стане крал на народната музика. Со завршено основно училиште и огромен талент, заработувал повеќе од „Бјело дугме“ или Здравко Чолиќ.

Освен за достигнивањата кои ги имал во тој период, тој во интревју за „Здраво“, открил зошто ги напуштил ПГП. Шаулиќ сметал дека тие тогаш загубиле „златна кокошка“.

Меѓу пејачите има големо незадоволство. Не е се во храмонија, немаат сите многу пари. Социјално мораме сите да уплаќаме, а тоа е по 500-600 илјадарки месечно. Самостојност е меч со две острици. Фрката која настана околу мене е сосема нирмална. ПГП ја изгуби својата кокошка која носеше златни јајца. Сега е на нив да кукаат кога не сакаа да најдеме заеднички јазик. Мене ми е сеедно каде ќе работам, кој ќе заработува на мене. Ним не им е. Велат, дека неможеле да ме вработат, бидејќи немам музичка академија. Имам само основно училиште, но и талент кој вреди. Што сега не одат на таа толку важна Академија да најдат некој кој ќе им пее, некој образован? Запрашал тогаш Шабан, кој на многу млади пејачи им беше пример дека може да се успее и без музичко образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.