Свадбата на 21-годишниот Бруклин Бекам и четири години постарата Никола Пелц, кои по кратка врска се свршија во јули, е закажана за следното лето, и тоа на две локации – во Америка и Велика Британија, така што сите што сакаат ќе можат да присуствуваат на нивниот најголем ден, а сега во јавност протекоа и некои нови детали.

Според британските медиуми, Бруклин ги избрал своите браќа, 18-годишниот Ромео и 15-годишниот Круз, за ​​кумови на нивната венчавка, додека деветгодишната Харпер ќе биде главна деверуша. Неговата мајка, познатата дизајнерка Викторија Бекам, исто така се погрижи да остане сè во семејството и прифати да ја создаде венчаницата од соништата на својата идна снаа.

Бруклин е исклучително поврзан со семејството и сите се многу блиски. Тие се браќа, но и најдобри пријатели. Иако многумина мислеа дека ќе го изберат својот татко за кум на нивната венчавка, за него навистина немаше друг избор освен браќата, открил изворот.

Венчаницата, дизајнирана од Викторија Бекам, наводно ќе биде со едноставен дизајн, а се шпекулира дека и идната невеста размислува за костум за венчаница. Ова е голема задача за Викторија, иако таа веќе дизајнираше венчаница за нејзината пријателка Ева Лонгорија, како и фустан за Меган Маркл, во кој се појави на Божиќ.

Списокот на познати гости е долг, така што ќе има тројца поранешни пејачки на „Спајс грлс“ – Ема Бантон, Мелани Кишолм и Гери Хорнер – како и блискиот пријател на Бекам, Дејв Гарнер со неговата сопруга, актерката Лив Тајлер. Секако, на свадбата ќе дојде и кумот на Бруклин, Елтон Џон, кој најверојатно ќе отсвири нешто за младенците, а се очекува и Ева Лонгорија, како и многу други познати лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.