На седми октомври (среда) со почеток од 14 часот пред Влaдата ќе се одржи мирен протест на македонската музичка естрада, видео продукциите, фото-видео студиа, бутици и сите засегнати страни од забраната за одржување на свадбените прослави и слично. Протестот ќе биде изведен во вид на музички хепенинг со настап на најпознатите музички имиња од Македонија.
Поддршка за протестот даде и една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, Сузана Гавазова, која зад себе има голем број хитови и албуми се огласи на социјалните мрежи по повод оваа тема.
Таа на нејзиниот профил на фејсбук и поовика граѓаните да учествуваат на хепенингот и со тоа да дадат поддршка на музичарите и сите соработници на целата свадбена индустрија.
Според организаторите, целта на овој протест е да докажат дека постои огромна Сложност помеѓу нив, дека во иднина многу посериозно ќе се борат за нивните права, а воедно и да ги претстават нивните барања пред Владата.
Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20.000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата – се вели во повикот.
Попвикот е упатен до сите музичари, угостители, фото студија, цвеќарници, игротеки, салони за убавина, фризерски салони, танчери/танчерки, диџеи, бутици за венчаници, бутици за одела, бутици за гардероба, продавници за китенки и декорации.
На протестот повикани се да се приклучат и изнајмувачите на звук и светло, менаџери на ресторани и локали, слаткарници, продавници за хемиско чистење, текстилни продавници, перални на ресторани и локали, фирми големи и мали за алкохол и храна, месарници и останати засегнати соработници на свадбената Индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.