Судијката Луција Ласиќ ја тужи хрватската пејачка Северина Којиќ поради навредите кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.

Според пишувањата на хрватските медиуми, поради изјавата која Северина ја дала на прес-конференција воочи својата регионална турнеја „The Magic Tour“ во октомври 2019 година, судијката решила да покрене тужба против пејачката за навреда на честа.

Исто така, барала и дополнителна оштета во износ од 3.000 евра.

Инаку, Луција е судијката која ѝ го одзеде старателството на Северина над синот Александар и му го додели на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.