Водителката, пејачка и некогаш најпозната екс-ЈУ лото девојка Сузана Манчиќ има две ќерки, Теодора и Наталија.

Додека Теодора е често присутна во медиумите, помладата ќерка, Наталија, не сака да биде премногу експонирана. 

Помладата ќерка на Сузана Манчиќ е родена во 1995 година и многумина коментираат дека таа ја наследила убавината и харизмата на нејзината мајка. 

Истовремено, Наталија честопати ја споредуваат со Анџелина Џоли поради нејзиниот изглед и физичката сличност со славната актерка, иако таа, барем засега, не помислува да оди по стапките на нејзината мајка.

Наталија студира на Академијата за уметности, се занимава со уметничка фотографија и е целосно посветена на тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.