Ракометната репрезентација на Хрватска ја победи Норвешка и обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во ракомет. Еден од најдобрите играчи на коцкестите, Игор Карачиќ ја имаше потребната поддршка за победа. Во првите навивачки редови беше и неговата девојка, струмичанката Душица Андоновска облечена во хрватски дрес.
Преубавата манекенка веднаш по големата победа објави селфи-фотка со Игор и напиша многу едноставен коментар: „Финалееее!“.
Инаку парот е заедно скоро една година, а дека нивната љубов цвета говори и тоа што Душица е речиси на секој негов натпревар, без разлика дали е тоа натпревар за репрезентацијата или неговиот матичен клуб – Кјелце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.