Холивудскиот режисер Стивен Спилберг ја стави на продажба својата јахта што ја набави пред 11 години. Според информациите објавени од порталот „Дрт“ (Dirt), 74-годишниот режисер го нуди својот брод на продажба за 160 милиони долари.

Пловилото е наречено „Седум мориња“ (Seven Seas) по „седумте мориња“ ширум светот, но и во чест на седумте деца што Спилберг ги има со сопругата Кејт Капшоу.

Јахтата е на четири нивоа и има седум кабини. Сите простории се опремени со кревети и гардероби, канцелариски простор и приватни бањи. Поголемата ВИП-кабина, која може да се подели на два одделни дела, нуди приватен салон, три соблекувални и две бањи.

На јахтата има и спортска сала, сала за кинопроекции, бар и гостинска просторија со пијано. На палубата, приватна тераса за масажа и топла када им овозможуваат на гостите да се опуштаат уживајќи во поглед кон морето од височина.

Заради безбедност, на јахтата има и моторни чамци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.