Дара Бубамара направи вистински хаос на социјалните мрежи објавувајќи, како што подоцна објасни, на Инстаграм експлицитно видео на кое си игра со сексуално помагало.

Снимката многу брзо е тргната, но сепак со брзина на светлината го обиколи интернетот.

Ми се провлече. Стиснав погрешно копче. Малку вежбав. Нека сме живи и здрави – објасни Дара и не се потресе многу.

На социјалните мрежи се појавија многу коментари со кои и се дава поддршка, но и има и такви кои ја критикуваат тврдејќи дека со нејзините постапки си ја крева падната популарност.

Ова на Дара не и е прва афера. Во 2015 година протекоа порно фотографии кои наводно таа ги праќаала на некој фудбалер. Тогаш таа се демантираше тврдејќи дека фотографиите биле наменети на нејзиниот тогашен сопруг Милан Кесиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.