Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ и Огњен Врањеш со денови се главна вест во медиумите поради порно аферата и експлицитните фотографии кои протекоа на интернет.
Карлеуша од избивање на скандалот не комуницира со медиумите, а сега на своите профили на социјалните мрежи објави конечно соопштение.
Сите наводни изјави во медиумите од страна на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ или членови на нивните семејства, се апсолутна измислица. Сите наводи во медиумите, а се однесуваат на парот Карлеуша Тошиќ, се дел од новинарските нагаѓања. Јелена е длабоко погодена и повредена од суровиот медиумиски линч, кршење на нејзините човечки права, правото на вистина и фер плеј борба. Поради тоа, до понатаму, нема да комуницирам со медиумите. Ви благодарам на разбирањето – пишува во соопштението на ПР службата на Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.