Во домот на Светлана Ражнатовиќ Цеца на Дедиње во Белград вчера, па до раните утрински часови денеска се прославуваше Старата нова година. Покрај Анастасија и нејзиното момче, Вељко и Богдана, нејзината сестра Бојана, но и други гости, беше и Аца Лукас.
Микрофонот одеше од рака во рака, за во еден момент Цеца заедно со Лукас да ја запеат „Како ми недостајеш“ од Харис Џиновиќ. Токму оваа песна Анастасија ја сподели на „Инста“, посветувајќи ја на нејзиниот татко.
Од мене…Толку ми недостигаш. 20, напиша Анастасија.
Утре, 15 јануари, навршуваат 20 години откако Аркан беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.