Српската фолк пејачка Сања Малетиќ на последниот ден од 2018 година доживеала сообраќајна несреќа во близината на Краљево, откако со својот автомобил завршила во ендек. Пејачката доживеала сериозна повреда на ногата.
Сања се враќала од предновогодишен настап во Нови Пазар. Таа беила зад воланот, кога на патот кон Краљево, во еден момент изгубила контрола над возилото и слетала од патот.
Според добро информирани извори, нејзиниот „Пасат“ бил потполно уништен, а пејачката бил итно примен во болница, каде и била пружена медицинска помош. Таа се’ уште е во шок од немилиот настан:
„Сè се случи брзо. Претекнував, кога се појави автомобил кој ми доаѓаше во пресрет и во тој момент не знаев што да правам. За да избегнам директен судир, единствено решение беше да слетам од патот. Така завршив во ендек. Сè уште сум во шок. Не можам да дојдам нај себе. Сè одново минува низ мојата глава, но најважно е што сум жива. Ногата се уште ми е повредена и многу ме боли, но јас сум му благодарна на Бога, дека сè помина без поголеми и потешки последици“ – изјавила пејачката по сообраќајката.
Извор: Вистина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.