Одлуката на црногорската влада од 23 јули до 2 август да ги затвори дискотеките и ноќните клубови ќе ја чини српската естрада стотици илјади евра.

Причина за тоа е што поради донесената забрана, ќе мора да бидат откажани голем број концерти и свирки што српските пејачи ги имаа закажано за на црногорското приморје.

Саша Ковачевиќ, Сенида, Аца Лукас, Маја Беровиќ, Александра Пријовиќ, Дара Бубамара, Хурикане, Едита, Сандра Африка, Џани, Тропико Бенд, Сека Алексиќ, Аца Пејовиќ, Дарко Лазиќ, Слоба Радановиќ и многу други ќе останат без значителна заработка поради воведената мерка на црногркста влада.

При воведувањето на тие мерки, беше соопштено дека по 2 август, во зависност од епидемиолошката состојба, престојот во затворен простор нема да биде овозможен без ограничувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.