Српската пејачка Романа П. и агент за продажба на недвижности Филип М. се сомничат дека за време на месеците март и април поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн, Австралија.
Тие во Австралија престојувале како туристи каде западнале во проблеми со пари пред да смислат план како да ги „наполнат паричниците“, изјави судијата од судот во Бризбен, Пол Смит, пренесува австралискиот портал „9њуз“.
На овој начин двајцата прибрале банкарски податоци од 35 лица. Филип М. ја признал вината по 18 точки од обвинението, Романа П. за 16 точки и тие, покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, ќе мораат и во затвор. Филип М. ќе треба да „одлежи“ 14 месеци, додека Романа П. 12 месеци, односно ќе биде пуштена условно после три месеци.
Четериесет и пет годишната пејачка и пет години помладиот агент за недвижнини Филип М. се сомничат дека во месеците март и април годинава поставиле уреди за снимање на банкоматите во Бризбен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.