Во Србија во моментов се снимаат или се монтираат повеќе од 25 серии, а по примерот на американскиот канал HBO наскоро ќе се емитува серијата со геј тематика.

Авторскиот тим на серијата која е насловена „Теретана“ ја сочинуваат актерите Радован Вујовиќ, Иван Зекиќ и Александар Радојчиќ, а еден од главните јунаци на нивната приказна е хомосексуалец. Во актерската екипа се и Јаков Јевтовиќ, Бранислав Зеремски, Виктор Савиќ, младата талентирана балерина и актерка Малена Радуловиќ и Никола Ранѓеловиќ.

Снимена е веќе пилот-епизода, а првата сезона би требало да има 24 продолженија. Протагонистот на приказната е Миланче (Александар Радоичиќ), кој се обидува пропаднатата теретана да ја крене на нозе и од неа да направи вносен бизнис.

Мојот јунак е хомосексуалец и најверојатно ќе биде моден дизајнер. Допадлив е, креативен, луд и урнебесен лик, мошне интересен за играње, открива актерот Иван Зекиќ за српскиот весник „Новости“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.