Светлана Цеца Ражнатовиќ организираше голема прослава во еден белградски ресторан по повод првиот роденден на нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ.

Најмладиот член на семејството беше крстен во јули минатата година во Храмот Свети Сава, на истото место каде што се венчаа неговите родители Веjко и Богдан на 24 ноември 2019 година. Сепак, без оглед на тоа што е извршен светиот чин, Цеца и Вељко сметаат дека првиот роденден мора да биде одбележан како што треба.

Тие направија заеднички договор тоа да биде во одреден ресторан, а декорацијата да биде тематска за деца. Она што нема да ја одвои оваа забава од претходните е музиката во живо и истите гости, кои нормално доаѓаат на родендени и крштевки.

Чекаме гости, денес ќе биде посебен ден. Ова е смокинг на Вељко, во кој Вељко го прослави својот роденден. Патиките се нови, но ова е стајлинг на татко му кога наполни една година, рекла Цеца.

Собирот е закажан за денес околу 19 часот, а меѓу првите пристигна момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ, а потоа и целото семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.