Дарко Петковски – Спејко, кого домашната јавност го запозна преку учеството во реалното шоу „Големиот брат”, снимаше разголена фотосесија за својот „Инстаграм“, за време на која со тимот на „Ексулузив“ зборуваше и за сега поранешната девојка, Љупка Митрова.

За Љупка имам само најдобри зборови и секогаш така ќе остане. Ништо, прекинавме. Не ја потврдувавме веста, не ја ни демантиравме ама подолго време како не сме заедно. Меѓу нас никогаш не постоела љубомора, се подржуваме, малку ни се одвоија патиштата, ништо сериозно. Ќе останеме во добри односи. Мислам дека секој пар што се подржува меѓу себе за време на врската, се подржуваат и после тоа. Јас секогаш за било која моја бивша девојка сум среќен кога ќе видам дека и таа е среќна, затоа што знам дека истото ми го посакуваат и мене. Кога би ме виделе со друга девојка би ми посакале среќа, тврди тој.

Струмичанката, која на „Инстаграм“ ја почна сезоната на разголени фотографии од плажа, е кумашинка на Зоран Заев, со над 100 илјади следачи на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

@sarafashionofficial 🍋

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

Неодамна, таа беше дел од македонската делегација на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Чешка заедно со министерот за земјоделство, сега генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.