Најплатената моделка и најмлада милијардерка на светот, Кајли Џенер, предизвика лавина реакции откако на социјалните мрежи се појавија нови папарацо фотографии, по што многумина почнаа да коментираат дека таа не изгледа ни приближно како личноста која се појавува на нејзиниот „Инстаграм“ профил.
Кајли е фотографирана при пристигнување во ресторан со една пријателка, а по тој повод носела широки светли фармерки, сребрена маица во комбинација со сребрени сандали и мала чанта во истата нијанса.
View this post on Instagram
Кога ги забележала папараците, Кајли се обидела да ги одбегне, покривајќи го лицето со раката, но тие, сепак, успеале да направат неколку фотографии кои беа сосема доволни за да предизвикаат реакции.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи се отвори жестока дискусија за нејзината фигура и изглед во комбинација што не ги истакнува нејзините атрибути, но многумина велат дека се чини како воопшто да ги нема облините кои ги истакнува на „Инстаграм“.
Поради тоа, масовни се критиките дека претерува со користење фотошоп кога објавува на фотографии на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Никој не ѝ рече дека си ги заборавила облините и задникот дома?“, „Каде е Кајли Џенер од Инстаграм?“, „Таа воопшто не личи на себеси, каква разлика…“, „Вака изгледа кога ќе ја нарачаш Кајли Џенер од фотографија на Интернет“, „Ми се допаѓа како изгледа, девојчето е во поширока гардероба, соберете се“, се само дел од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.