Српската старлета Сораја негира дека била исфрлена од локал во Скопје. Ваквата реакција на старлетата доаѓа откако за непријатната случка објави српски „Курир“.

Според пишувањето, таа пред неколку дена, дошла во локалот со еден постар господин со кого седнале на една од масите.

Кога пристутните ги забележале почнале да им довикнуваат дека „не сакаат мафијаши во нивниот град“.

Потоа во обид да ја смири состојбата дошол газдата на кафената и културно ги позравил. Но, тоа не му се допаднало на момчето на Сораја и го избркал од масата. Потоа, келнерот со човек од обезбедувањето, дошол до нивната маса и им рекол да ја платат сметката и да го напуштат локалот.

 

Не се случи ништо од тоа, не дојде до никакво напуштање на локалот како на пример „исфрлување“. Бев во друштво со пријател од Србија, поголемо друштво, а не со момче. Сопственикот пријде да не угости, но откако сфати дека гостите се од Србија, кажа многу непријатна работа, а тоа е дека Србите не се добредојдени кај него во локалот бидејќи сите тие се Албанци, го цитирам него. Штом го слушнав тоа мирно му кажав на друштвото дека не сакам да седам некаде каде моето друштво не е посакувано, а најмалку што сакам се националистични испади од било кого бидејќи патувам по целиот свет и никогаш ништо слично не дум слушнала ниту доживеала – тврди Сораја.

Таа, сепак, не ја негира веродостојноста на снимката од случката во скопскиот локал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.