Марјан Мирчески, сопругот на една од нашите најпознати фолк пејачки, Елена Велеска потврдува дека тој и Елена се разведуваат, овој пат дефинитивно и без можност за предомислување. Тој прстот го впери во Велеска, тврдејќи дека таа има нарушена здравствена состојба и со тоа е опасна за околината, објави „Медиасет.мк“.
Елена се соочи со сериозен здравствен проблем и кој може да биде опасен како за неа така и за околината. Ситуацијата стана сериозна и за жал невозможно е да живееме заедно со трите деца, па таа на 24 октомври беше пренесена во Прилеп каде беше под надзор на докторот Пирганоски. Елена 14 дена примаше адекватна терапија. По 4 седмици откако беше пуштена од болница прекинала да ја зема терапијата, по што ситуацијата повторно се влоши“, објаснува Мирчески и додава дека во тој период ѝ биле откажани сите настапи кои биле претходно закажани.
Мирчески вели дека тој се грижи за нивните деца, а тврди дека докторот одбивал да го даде извештајот за нејзината состојба во Центарот за социјалните работи, за да се определи старателството.
Марјан Мирчески и Елена Велевска последните две години беа актуелни во јавноста со разводите кои беа најавувани во медиумите, па се повлекуваа, за на крај ситуацијата да ескалира.
Целиот текст прочитајте го тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.