Кралот на народната музика, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, беше австриски осигуреник, а неговата сопруга од осигурителната компанија ќе наплати околу половина милион евра, пишува српски „Ало“.
Покојниот пејач уште во деведесеттите почнал да уплаќа придонеси и данок во Австрија, каде што работел и поседувал дозвола за работа. Во тоа време во Србија немало такво нешто, па Шабан навреме се обезбедил.
Бидејќи не доживеа австриска пензија, вредноста од осигурителната полиса која изнесува околу половина милион евра ќе може да ја подигне неговата сопоруга, која е наведена како корисник во случај на смрт, дознава „Ало.рс“.
Гоца Шаулиќ со децата Михајло, Санела и Илда минува низ пекол поради смртта на нејзиниот сопруг, но над сето тоа, таа ќе мора да врати и 235.000 евра земени како капар за веќе договорни настапи, кои Шабан ги имал закажано речиси до крајот на годината.
Вдовицата на Шабан, која беше и негов менаџер, земала однапред 50 отсто од секој договорн настап, а некогаш дури и целата сума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.