Веста за смртта на сограѓанинот Ѓорѓе Балашевиќ новосаѓани ја дочекале во целосен шок. На улиците во градот буквално луѓе одат расплакани, не можејќи даповеруваат дека замина легендата чии стихови ги пее цел Балкан.

– Значи точно е. Се надевав дека е лажна вест и излегов да проверам со колешката. Како да ми починал некој мој, не знам како да опишам – вели расплакана работничка од бутик за пишува Нова.рс..

Песните на Балашевиќ се слушаат во секој локал вo градот.

– Не можам да кажам дека го слушав, ама, човеку, некако баш ме стегна. Сепак тоа е Ѓоле – изјавува келнер пред камерата на нова.рс.

Граѓаните на Нови Сад спонтано тргнале кон центарот на градот и во Салајци, каде што е куќата на Балашевиќ, за да му оддадат почит на својот сограѓанин, на човекот кој беше симбол на Нови Сад, исто како Петроварадинската тврдина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.