Со фотографии од најтешките денови во нивниот живот, манекенката Криси Тајген и сопругот, музичарот Џон Леџенд, со јавноста ја споделија својата болка поради загубата на нивното трето дете.
Криси на почетокот на неделава беше примена во медицинскиот центар во Лос Анџелес поради крвавење коешто траело повеќе од еден месец за време на нејзината бременост.
Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја овозможиме на бебето течноста што му беше потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се викаат децата додека не се родат, туку пред да ја напуштиме болницата. Но од некоја причина, ова момче во мојот стомак го викавме Џек. Така што засекогаш ќе остане Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш ќе остане, напиша Криси покрај потресните фотографии од болницата.
Криси нагласи дека е благодарна што имаат две прекрасни деца – Луна и Лајлс, но свесна е дека секој ден не може да биде совршен.
Во овие најтешки денови од нашите животи, ќе жалиме и ќе плачеме, но ќе се прегрнеме најсилно што можеме и ќе се сакаме, па ќе поминеме низ тоа, напиша Криси.
Манекенката и пејачот ги добија своите две деца со помош на Ин витро, но како што самата откри, иако не мислела дека е возможно, третиот пат таа забремени природно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.