Македонскиот музичар Дуке Бојаџиев кој живее и работи во Њујорк, ќе стане татко по вторпат.
На фотографија на социјалните мрежи Дуке и неговата сопруга Флора застанати заедно пред новогодината елка им посакаа среќна Нова година на сите свои драги луѓе, а наедно открија и дека повторно ќе станат родители.

Дуке и Флора го имаат шестгодишниот син Теодор, кој е крстен по неговиот дедо, Тодор Бојаџиев, кој освен како признат доктор, на јавноста и беше познат и по бројните македонски евергрини кои ги пееја познати легенди, како Сашка Петковска, Верица Ристевска и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.