Oткако во јавноста излезе преписката помеѓу гинекологот Вања Милошевиќ со 28-годишна девојка, наместо да се смири, момчето на Снежана Ѓуричиќ не се повлекува.

Напротив, иако прво ѝ се побунил што таа го објавила нивното допишување во медиумите, но сепак, би сакал да има секс со неа.

Ова се новите пораки:

Не се плашам јас со никого, со Снежана не сум во сериозна врска. Убаво ми е со неа, нема да лажам. Постојано се шетаме и излегуваме, но сепак…Не требаше да го направиш тоа што го направи, можевме тајно да се гледаме и би ни било убаво. Ти реков дека тоа не е сериозна врска и кога-тогаш ќе пукне, му пишал тој.

Девојката потоа го прашува зошто сака да ја остави Снежана, дали затоа што сака помлади или таа не се покажала добро в кревет.

Младото е послатко, но Снежана е оган в кревет. Можеби не делува така, но навистина е добра, му пушува Вања на анонимната девојка на „Фејсбук“.

Потоа поминува кон поконкретни муабети.

  • Мацо, што имаш сега на себе?

  • Фустан, а под него црвени гаќички

  • Танга?

  • Да

  • Уф, малечка, сега би ти ги скинал со заби

  • Дали така ја соблекуваш и Снежана?

  • Остави ја веќе Снежана, сам сум дома и ги гледам твоите фотографии. Ти си преубава.

Во српските медиуми веќе се пишуваше дека српската фолкерка наводно го издржува вонбрачното дете на Вања, кое тој го добил пред три години со една студентка. Наводно, Снежана му помага на нејзиното момче околу алиментацијата која кошта 700 евра месечно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.