Познатиот бугарски водител и шоумен Слави Трифонов му понуди на македонскиот претставник на „Евросонг“, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа, со што ќе му биде обезбедена „работа и достоен живот“.

Според Трифонов, Гарванлиев во Македонија е во опасност да падне во немилост кај своите сограѓани, поради тоа што јавно кажал дека се чувствува како Бугарин и дека има бугарски пасош. Против пејачот, според Трифонов, се води кампања тој да не ја претставува Македонија на „Евровизија“.

„Но почитувани сонародници, Бугарија е секаде, каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Македонија, пардон, во Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното: Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме“, напиша Слави Трифонов на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.